Македонија
12. March 2017 - 20:55

Внимателно на патиштата, еве каде вечерва врне снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Како што информира АМСМ, слаб снег провејува на планинските премини Стража и Буково, но не се задржува на коловозот.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково