Македонија
17. August 2016 - 12:03

Внимание: Млад скопјанец крадел и злоупотребувал фотографии од Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигителна форензика поднесе кривична пријава против А.Е. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
 
Пријавениот со цел да нанесе штета на оштетената и нејзината мајка без нивна согласност ги набавил нивните лични податоци и ги користел нивните лични „фејсбук“ профили, злоупотребувајќи ги нивните податоци на интернет, праќајќи на други лица пораки со недолична и заканувачка содржина од истите.