Македонија
24. February 2017 - 16:42

ВМРО свика извршен комитет – И општинските комитети на партијата се мобилизираат

Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани.

Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ започнува со мобилизација на партиското членство и структури, јавуваат медиумите. Според информациите, до сите општински комитети од вчера испратена е  насока во текот на денешниот ден да се свикаат состаноци на општинските партиски ограноци во проширен состав на кои ќе се координираат следните чекори по намерата на СДСМ и ДУИ да ја редефинираат Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Сител ги потврдуваат информациите дека се одржуваат состаноци на партиските тела но не откриваат повеќе детали.

Партискиот лидер завчера пред новинарите рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на државата и македонските национални интереси и дека нема да дозволи гласот на мнозинството Македонци да биде замолчен.
 

И членот на извршниот комитет вчера во интервју за ТВ Шења порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да седи со скрстени раце

ВМРО-ДПМНЕ споед членството и структурата е најголемата и најорганизирана партија во Македонија. На последните избори доби најголема поддршка кај граѓаните освојувајќи над 450.000 гласови.
 

 

Видеа од Македонија

  •  
  • Страна 1