Македонија
22. December 2016 - 18:06

ВМРО-ДПМНЕ:Заев порано или подоцна ќе мора да се соочи со правдата

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на соопштението од СДСМ кое се однесува на прес-конференцијата на Драган Данев, наведува дека Зоран Заев порано или подоцна ќе мора да се соочи со правдата и да одговара за поткупот што го бараше од бизнисмен од Струмица.

- Заев нема да може вечно да лаже и да бега повикувајќи се на странски амбасадори и конзули заобиколувајќи ги македонските институции, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, еднаш се спаси од кривична одговорност благодарение на Бранко Црвенковски кој му прости и го аболицираше.

-  Граѓаните очекуваат да нема повеќе аболиции и избегнување на правдата за ваквите криминогени ликови, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.