ВМРО - ДПМНЕ:Влез во ЕУ и во НАТО, но не и за овој договор
СДСМ предреферендумски ги манипулира граѓаните исто како што ги излажа пред изборите. Билбордите низ државата кои ветуваат бесплатно здравство кога ќе влеземе во ЕУ се лага. Во ЕУ здравството не е бесплатно, ЕУ не е комунистичка творевина, туку економски сојуз на држави каде се си има своја цена.
СДСМ лаже и ја злоупотребува ЕУ, го погани нејзиното име за да ја оправда срамната капитулација која ја потпиша.
Владата на Заев ја понижи Република Македонија и ги урна преговарачките позиции кои беа градени со години од сите влади од независноста до денес. Погазено е и меѓународното право и Хашката пресуда во корист на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ и НАТО, но не и за овој договор, кој не можеме да го прифатиме.
Овој договор предизвикува само обврски и прави штета на Република Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ неможе да го прифати.
Прашањето за промена на името не е прашање кое може да го реши било кој политичар, тоа е прашање за кое може да одлучи единствено народот, токму затоа на слободната волја на народот е како тој ќе се постави во однос на ова прашање.
СДСМ треба да престане да манипулира и да ги злоупотребува евроатлантските институции за да го турка нејзиното срамно капитулантско дело.
За целиот овој хаос што и го приреди СДСМ мора да сносат и одговорност. Одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та