Македонија
22. November 2019 - 16:41

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ шири лажни вести – СДСМ:Мицкоски едно зборува дома, друго пред странските политичари

Опозицијата ја обвини власта дека шири лажни вести, поради страв од пораз на изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека СДСМ манипилирала со изнесените ставови на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се однесува на договорот за добрососедство.

Од СДСМ остануваат на својот став дека Мицковски едно зборува дома, а друго пред меѓународната заедница.

Видеото кое вчера го објави Борисов ги скара власта и опозицијата. Борисов инсистирал да се добие поддршка од најголемата опозициска партија. Но за Мицковски немало дилела, ставовите на партијата за договорот со БУгарија остануваат исти.