ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев сака да остане пратеник за да може да се крие зад пратеничкиот имунитет
Зоран Заев бега и не го прифаќа предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, за воведување систем на кандидат за мандатар, по што лидерот кој ќе изгуби на парламентарните избори ќе треба да си даде оставка.
Зоран Заев се плаши да прифати затоа што знае дека ќе загуби на 12 април.
Кандидатот мандатар – лицето кое претендира за премиер, не смее да се крие по поразот зад пратеничкиот имунитет. И треба да си замине од политиката, бидејќи граѓаните не го подржуваат неговиот концепт и политики.
Зоран Заев сака да остане пратеник, за да може да се крие зад пратеничкиот имунитет во надеж дека ќе се спасува од правдата.
Заев мисли дека со пратеничкиот имунитет нема да одговара за Рекет 1 и 2, поткупите, криминалот и корупцијата која секојдневно се случува. Но ниту тој ниту било кој друг без разлика од која партија доаѓа нема да се спаси од кривичен прогон за криминалот кој го сторил. Бидејќи по 12 април Македонија мора да биде правна држава еднаква за сите.
Ајде Заев охрабри се. Доколку толку си уверен во политиките на криминал, корупција и рекет. Доколку мислиш дека распродажбата и осиромашувањето на држават ти носи поени, прифати ако загубиш на претстојните парламентарни избори на 12 април да си заминеш од политиката, без притоа да се криеш зад пратеничкиот комодитет.
Во таа насока и со цел создавање на правна држава еднаква за сите ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и закон за потекло на имот на политичарите, актуелни и до сегашни. Не може со функционерски плати преку ноќ да стануваат милионери, а народот да нема леб да јаде.
По 12 април државата ќе биде еднаква за сите. Следува обнова на Македонија. Народот на прво место.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите