Македонија
6. October 2016 - 17:21

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев од 2002 дава лажни ветувања на избори, а од тоа остануваат само празни зборови

-Зоран Заев единствено што знае е да измислува и ветува, без да оствари ништо од тоа. Празните ветувања кои не се остваруваат, народот ги знае како шарени лаги. Зоран Заев нема кредибилитет. Тој од 2002 година дава лажни 
ветувања на избори, а од тоа остануваат само празни зборови таму каде што тој е власт и од него зависи реализацијата. Само да потесетиме на една од најголемите лаги кои Зоран Заев ги кажа. Имено тој вети дека ќе отвори три индустриски области, со минимум 30 нови фабрики, минимум 300 нови производствени погони, минимум 3 000 нови работни места, за третиот мандат кој како што гледаме го потроши. Вети и безочно излажа. Мандатот му истекува, а од трите идустриски области нема ништо. Денес индустриската зона Сачево е само една празна ливада обрасната со трева и грмушки. Зоран Заев зарем ти си нашол да ветуваш проекти за Македонија. Граѓаните на Струмица најдобро ги знаат твоите лаги. Кредибилитетот го изгуби, а и времето ти истекува. Поразот на изборите ќе биде твојата најголема казна која ќе ја доживееш од народот, изјави Вангел Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.