Македонија
28. October 2019 - 14:45

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците се на раб на егзистенција поради слабиот откуп и ниските откупни цени

Зоран Заев и СДСМ нанесоа вистинска штета во земјоделието. Слабиот откуп и ниските откупни цени се главниот проблем, поради кој земјоделците се на раб на егзистенција.

Никогаш во македонската историја не се случило земјоделците да ги корнат своите родни овошки и да ги фрлаат затоа што неможат со овоштарството да ги покријат основните трошоци.

Нивите се запуштени. Се помалку се сее.Власта три години со прст не мрдна.

Ништо од тоа што ветија не реализираа. Земјоделците ги живеат најлошите денови од своето работење.

Власта која крева вооружени специјалци против својот народ не заслужува да биде власт.

Зоран Заев и Трајан Димковски треба да знаат дека земјоделците не можат да ги излажат со исплата на субвенции за време на протест.Субвенциите се програма која повеќе од 10 години се исплаќа и тоа е нивно право.

На 12 април СДСМ заминува во историјата. Од 12 април ќе почне обновата на Македонија и враќање на гордоста ма земјоделецот.