ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно
Заради Заев и тендерите на Рашковски дизелот ќе поскапи за 4 денари трајно.
Заев со ребалансот на буџетот предлага воведување на нова давачка за дизел горивата од 4 денари. Тоа се 4 нови денари, кои трајно ќе ја зголемат цената на дизелот.
Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Заев ја втурна државата во долгови, а данокот на дизелот има за цел покривање на долговите и дупката во буџетот која ја направи Заев.
Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари.
Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент, затоа што Ден Дончев трпаше туциња пари во торба, затоа што преку тендери се набавуваа противпожарни возила со скали двојно поскапи од тоа што плаќале државите од регионот.
Народот ќе плаќа за да ги покрие глупостите на власта.
54 милиони евра народни пари секоја година ќе се собираат со новиот данок на Заев на дизелот.
4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир