ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на МТСП над 2400 деца во Скопје чекаат за прием во градинка
Заради неспособноста на МТСП над 2400 деца во Скопје чекаат за прием во градинка, со години немало изградба на нови објекти.
Откако СДСМ е на власт 5 години како централна власт и 4 години како локална власт во повеќе општини, немало никакви инвестиции во изградба на нови градинки.
Неработата на СДСМ во МТСП 5 години по ред, сега резултира со илјадници деца кои чекаат за прием во градинка.
Во Кисела Вода 400 деца чекаат за прием во градинка. Во Гази Баба 460 дечиња. Во Аеродром бројот на деца кои чекаат за прием е 900. Додека во Ѓорче Петров 500.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на власта се заземаа за решавање со проблемот на недостаток на сместувачки капацитети, но проблемот кој е создаден со години не може да се реши за една година.
Дополнително МТСП нема издадено 86 согласности за прием на вработени за градинки низ Скопје. Тренчевска не работи ништо.
Ново на Сител
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион
-
Расчистена кражба во Гостивар