Македонија
19. September 2017 - 21:46

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за амнестија што го предложи Владата е изборна корупција

Заев со амнестија ги лаже затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кохетирање со затворениците пред избори.

Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот.

Зоран Заев е нечесен кон луѓето кои се по затворите. Тој сака да ги искористи како гласачка машинерија, а во реалноста тој ќе ги измами и оваа категорија на граѓани.

Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука. Ова граѓаните ќе го казнат на 15-ти октомври