Македонија
19. October 2018 - 22:34

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество

Специјалците и борбените коли кои цел ден во полна борбена готовност седат пред собранието ги праќаат Зоран Заев Оливер Спасовски. Сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавен дом, а седницата постојано се откажува се додека не вродат со плод „убедувањата“ на пратениците.

Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок.

Македонија е единствената земја на тлото во Европа во која што опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во очи на најважното гласање во Собранието.

Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем.

Република Македонија под власт на Заев се претвори во држава од третиот свет каде законите не важат, туку силата.

Зоран Заев е човекот кој ги има сите полуги на власта во свои раце и тој е единствениот кој може да врши било каков притисок.

Го повикуваме јавното обвинителство да поведе истрага за сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување.

Ниедна прес конференција на збунетиот портпарол на СДСМ нема да ја смени тажната денешна слика од собранието која што ја гледа целиот македонски народ. Ниедна лага што ќе ја прочита портпаролот на СДСМ нема да го избрише од меморијата на македонскиот народ начинот на кој што Зоран Заев и неговите послушници се обидуваат да го избришат името Република Македонија и да го сменат македонскиот идентитет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ