ВМРО – ДПМНЕ: Заканите на Кумановската група не престануваат, власта молчи
Секојдневно сме сведоци како членови на Кумановската група и нивни поддржувачи испраќаат пораки со кои бараат крв и одмазда кон сите политички неистомисленици на Зоран Заев.
Заканите на Кумановската група на која Заев и ветуваше амнестија и меѓународна истрага не престануваат, а власта молчи. Зоран Заев неговите соработници кои се одговорни за безбедноста на државата не превземаат ништо.
Ова отвора сериозен сомнеж дека зачестените закани не се случајни и не се без поддршка од структури од власта. Очигледно е дека власта нема намера да преземе ништо против оние кои се закануваат.
Дали е тоа заради поддршката која им ја ветуваше Зоран Заев во врска со настаните во Диво Насеље?
Судот не смее да биде во заложништво на власта и мора да ги преиспита одлуките за притвор на Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Христијан Делев и сите други политички неистомисленици кои што се жртва на прогонот на оваа власт.
Исто така МВР се должни веднаш да ги открие и санкционира лицата кои се закануваат. Одговорност за овие инциденти мора да има. Јавноста очекува одговорност но и оставки.
Прогонот на политичките неистомисленици кој се случува во Република Македонија е срам за една земја која себе си се нарекува демократска и претендира да биде членка на Европската Унија.
На јавноста и е јасно дека Заев и неговиот криминален картел се во паника и затоа се подготвени со секакви методи да го спречат нивното демонтирање од власт кое што ќе го направат граѓаните на избори.
Насилието од страна на власта мора да заврши. СДСМ мора да си замине за на Македонија да и се вратат демократијата и правната држава, стои во соопштението испратено од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто