ВМРО-ДПМНЕ: Заидната недела власта најави ново задолжување од 53,6 милиони евра
Црната економска тројка во криминалниот картел на власт, Заев-Анѓушев–Тевдовски ја турка Република Македонија во тотален економски хаос.
Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП.
Почитувани, бројките се немилосрдни и никаква весела математика на Зоран Заев и трети полугодија нема да ги покријат катастрофалните резултати на оваа неспособна власт.
Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври.
Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра.
Јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2% ќе заврши само на околу 1,2% тогаш бројките стануваат загрижувачки.
Македонија поради неспособноста на оваа власт повторно ќе биде на дното во Европа по растот на БДП. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа ќе бележат високи стапки на раст, ние ќе треба да се задоволиме со нешто над 1%. Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Во Македонија може да сонуваме за овие цифри. Ни трага ни глас од 5% или 7% раст кои ги ветуваше Зоран Заев пред изборите. Тоа го потврди и ММФ со последниот извештај.
Тоа очигледно е капацитетот на оваа власт. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник: Димче Арсовски, портпарол
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари