ВМРО-ДПМНЕ: Заев со сервилна и антидржавна политика поттикнува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот
ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев за, како што се наведува, сервилна и антидржавна политика со која, велат, ги разгорува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот и оти „затоа не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од творците на тиранската платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати“ и го повтори апелот веднаш да ја отфрли платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе го кажат својот став за неа.
- Криминалецот Заев молчи и пред изјавите на Села за непостоењето на македонската нација, непризнавањето на државното знаме и химна и дека истите сака да ги смени. Заев не ги осуди ниту изјавите за бркање од работа на Македонците од Струга и Гостивар. Криминалецот Заев молчи и индиректно ги мотивираше симнувањето на македонското знаме во центарот на Куманово и развејувањето на негово место на знамето на Албанија, како и за веењето на знамето на голема Албанија на фудбалски натпревар во Скопје, стои во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на волјата на народот Заев ја прифати тиранската платформа и сака да ја направи Македонија двојазична, да ги смени знамето, химната и грбот, да го смени името на државата по грчки терк и да ја федерализира Република Македонија, со опасност на нејзино растурање.
- Аболицираниот криминалец Заев сака своите долгови кон нарко-мафијата и неговите истомисленици од надвор да ги плати со македонската државност и прифаќањето на тиранската платформа. ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот на СДС веднаш да ја отфрли тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за тиранската платформа, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.