Македонија
21. December 2019 - 14:17

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се обидува на шверцерски начин да протурка измени во Изборниот закон

СДСМ и нивниот претседател Заев се исплашени од претстојниот голем пораз што следува на 12-ти април.

Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

На ова дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6.000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ и ОДИХР.

Крајот се ближи на Заев, на 12-ти април започнува големата обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ