ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека преку Владата доделил концесија за „Тотал Инжинеринг“
Зоран Заев потврди дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев.
Семејството Заеви преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство.
Јавноста е сведок дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ пред само две недели, или поточно на 24 април добива концесија за експлотација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Оваа концесија ја добива од Владата на предводена од Зоран Заев.
Уште поскандалозно е што самиот Заев јавно кажа дека фирмата „Тотал инжинеринг“ ја продала целата механизација. Јавноста ја интересира како планираат Заеви да вршат ископ во наредните 30 години без механизација?
Заев е фатен повторно во лага. Исто како што беа фатени струмичките камиони на Вице во РЕК Битола или давањето земјиште во кругот на струмичката касарна преку посредник.
Овие низа скандали покажуваат каков е односот на Зоран Заев кон државата.
Власта за Зоран Заев и неговото семејство, претставува само алатка за ширење на нивните бизниси.
Република Македонија не е лична сопственост на семејството Заеви.
Зоран Заев мора што поскоро да си замине.
Граѓаните заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО