ВМРО-ДПМНЕ: Заев пак излажа, вети 34.000 денари плата до крај на мандат, а министерство за финансии со проекции го демантира
НА КОГО ДА ВЕРУВАМЕ? На ветувањето на Заев за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот или на проекциите на Министерството за финансии?
Согласно проекции на Министерството за финансии за растот на платите во наредните 4 години, дискутабилно е дали просечна плата ќе достигне ниво од 30.000 денари (ветување на СДСМ од 2016 година), а да не зборуваме за ветувањето за плати од 34.000 денари и просечна плата од 20.000 денари.
Пресметка: Просечната нето-плата за 2020 година врз база на тенденциите во првите 11 месеци заклучно месец ноември, ќе биде околу 27.000 денари.
Ако просечната нето-плата расте согласно проектираната динамика од страна на Министерството за финансии (3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024), тогаш би изнесувала:
2021 година - 27.810 денари
2022 година - 28.780 денари
2023 година - 29.900 денари
Јули 2024 година - 30.500 денари
П.С Ќе ни требаат нови железни опинци и сидрото кои влече "напред" за да се сокријат лажните ветувањата на СДСМ и Заев!
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка