Македонија
25. April 2021 - 14:14

ВМРО-ДПМНЕ: Заев кога добива секогаш народот губи

Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев. Заев кога добива секогаш народот губи.

Богданка Кузеска нека излезе од ѕидините на Бихаќа и нека види народ по улиците. Тој народ е таму за Уставобранителите, но и поради сите неправди и хаосот  донесен од Зоран Заев.

27 април и пресудите потоа се најголемиот срам за Заев, СДСМ и Кацарска судството. Народот си доаѓа по своето, а крајот на мафијата и одговорност потоа ќе дојде многу брзо.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде со народот и оваа неправда која ја нанесоа Заев и СДСМ нема да ја премолчи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ