Македонија
22. November 2019 - 10:13

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ја манипулираат јавноста со зборови кои не се кажани од Мицкоски

Зоран Заев и СДСМ шират лажни вести, откако не успеаја да добијат датум за преговори и уништија децениски стара препорака ја манипулираат јавноста со речник и зборови кои воопшто не се кажани од претседателот Христијан Мицкоски.

Зоран Заев и СДСМ првин ветија, па не остварија добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ.

Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 600 километри нов автопат.

Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 500 евра плата.

Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија економски раст од 5%.

Зоран Заев свесно ја лажеше јавноста. Зоран Заев ширеше лажни вести само за да дојде на власт.

Лажни вести беа и ветувањето дека ќе го продаде владиниот мерцедес и ќе купи болнички возила со парите од продажбата, како и фамозниот бројчаник кој  откуцувал до 5 милијарди. За сега 5 милијарди да откуца долгот на државата.

Зоран Заев и СДСМ лажеа во минатото лажат и сега.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ