Македонија
16. March 2021 - 14:51

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ги обвинуваат сите за вакцините, освен самите себе

Европската Унија не беше таа којашто ветуваше вакцини во декември, во јануари, февруари и март, туку тоа беше Зоран Заев.

Заев имаше прилика да набави вакцини уште пред неколку месеци, но си играше геополитика со здравјето на граѓаните. Заев имаше прилика да набави вакцини и пред неколку недели, но си играше трговец со неговиот познат принцип „евро за мене, евро за тебе“.

Заев и СДСМ ги обвинуваат сите за вакцините, освен самите себе. Заев и СДСМ треба да одлучат од кого се повеќе разочарани, од ВМРО-ДПМНЕ или од ЕУ?

На сите освен на Заев им е јасно – вистинската причина за разочарување е само неговата неспособност да го заштити здравјето на граѓаните.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ