Македонија
16. November 2019 - 14:33

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче направија само да порасне револтот кај здравствените работници

Владата предводена од Зоран Заев од ден на ден ги лаже сите граѓани. Таа политика деновиве гледаме како ја спроведува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Манипулациите и лажните ветувања од страна на Заев и Филипче ги има се повеќе.

Наместо реално покачување на платите на сите вработени во здравството, гледаме како се деградираат здравствените работници.

Тие велат покачени плати, но наместо тоа излегува нема покачување. Наместо покачување на сите здравствени работници гледаме како ги дели, или за едни има, за други нема.

Заев и Филипче направија само да порасне, ионака постоечкиот револт од состојбите и незадоволството кај здравствените работници.

Граѓаните гледаат дека се изманипулирани затоа следната година во април ќе стават крај на ваквото безобразие на Заев и Филипче.