ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја претворија Македонија во гробница од над 30 починати дневно од Ковид-19
Неспособноста на Зоран Заев ги убива граѓаните.
Заев Македонија ја претвори во голема гробница, каде секој ден наместо фабрики се бројат мртви луѓе, а за време на изборите ветуваше дека во Македонија ќе има живот.
Неспособноста на Венко Филипче да набави вакцини ги приморува граѓаните да одат во Србија за да се вакцинираат. Деновиве градовите низ Македонија се полупразни бидејќи граѓаните заминаа за Белград за да се вакцинираат, за тоа што оваа власт повеќе ја интересираат провизии отколку здравјето на граѓаните.
А, тешко лицемерие да се одржува попис во време кога Македонија се соочува со пик на третиот бран.
А, врвот се достигнува со тоа што попишувачите не се имунизирани.
Со овој чин Заев и Филипче свесно ги туркаат граѓаните во опасност по живот.
Заев дали е свесен дека 5.500 попишувачи ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. А, голем број од попишувачите може да бидат асимптоматски, и да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.
Со удирањето на главата во ѕид, Заев уште еднаш докажува дека политичките договори со партиите од неговата коалиција се пред здравјето на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата