Македонија
30. April 2021 - 9:55

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска промовираат социјалната нееднаквост и ќе ги дискриминираат децата

Заев и Царовска промовираат социјална нееднаквост и ги дискриминираат децата. Над 25.000 деца немаат допир со компјутер тие не може да учат од интерактивни електронски учебници.

Катастрофална грешка е воведување само на електронски учебници. Тоа го нема во ниту една земја во светот, ниту во најразвиениете.

Електронските учебници можат да бидат помагала, ама не и на нив да се базира наставниот процес во целост.

Наводната реформа на Царовска е за полнење на џебовите на поединци, а не за добро на децата.

Туркањето по секоја цена да се смени системот е насилие. Повлекувањето на законот и негово враќање со европско знаменце е силување на законите и злоупотреба на процедурата закони од значење за нашата ЕУ интеграција. Царовска сака само да спречи дебата, некој да профитира, а децата да се осакатат.

ВМРО-ДПМНЕ како прва работа што ќе ја направи по паѓањето на СДСМ од власт ќе биде враќање хартиениете учебници и поведување постапка за злоупотреба на службената положба и овластување на сите кои ги оштетиле децата, граѓаните и буџетот.