Македонија
14. May 2018 - 17:30

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ, лошо е што со тие проекти доцни, надевајќи се дека граѓаните ќе заборават дека тоа се проекти на претходната влада.

Зоран Заев и криминалниот картел во недостаток на идеи и проекти се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставуваат како свои. Власта го одложува реализирањето на проектите цела година, за да ги претстави како свои.

Експресниот пат Градско - Прилеп е проект кој е целосно почнат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за истиот се обезбедени преку ИПА проект со помош на ЕУ, целата постапка, вклучително и распишување на јавен повик за избор на изведувач е изведен од влаадата на ВМРО-ДПМНЕ.

Картелот чекаше цела година од распишување на јавниот повик до изборот на понудувач, само за да може да го претстави проектот како свој.

Ова е еден од стотиците проекти, на ВМРО-ДПМНЕ, кој картелот ги присвојува како свои. Ни трага ни глас од ветените 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта. Неосновано се закочија и запреа со изградба по повеќе месеци автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, додека автопатот Демир Капија - Смоквица чекаше цела година да биде пуштен во употреба.

Картелот не знае да ја води државата. Република Македонија под власт на СДСМ од ден во ден се повеќе се уназадува. Во интерес на државата и граѓаните е оваа ненародна власт што побргу да си замине. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ