Македонија
19. February 2019 - 9:59

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена

Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во ресенско стојат во магацините, на само 2 месеци пред крајот на сезоната. Јаболкарите кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона немаат средства за обработка на нивите.

СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп.

Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.

Власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО- ДПМНЕ бара власта под итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на јаболкарите.

Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата, која е во пораст во Република Македонија, при што бројките велат дека граѓаните кои живеат на прагот на сиромаштија изнесува половина милион.

Зоран Заев и СДСМ немаат легитимитет повеќе да ја водат државата. Секој сегмент од општеството тоне со оваа неспособна власт. СДСМ мора да си замине