ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито

ВМРО-ДПМНЕ. и денеска бара јавните обвинители и Антикорупциската комисија да го истражат отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви.
„Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност во услови на криза а намалувањето на стоковните резерви претставува директно загрозување на националната безбедност и не смее никој да се дрзне да отпишува 2.000 тони пченица во криза. Во секој потег на Заев, Филипче и Николовски од нивната шема се отвара сомнеж за сериозни злоупотреби, корупција и огромен профит. Од отписот на жито, прескапата набавка до доделениот грант. Отпишале 2.000 тони пченица, отвориле 2 тендери за 20.000 тони жито што го платиле 1,3 милиони, по поскапа цена и како гратис услуга Николовски издејствувал 1,4 милиони грант за „Мамас“ на кланот Заеви. Николовски во 2022 година направил набавка на 20.000 тони жито, по отписот на кусокот што го потпишале Заев и Филипче но набавките за житото биле поскапи за цели 1,3 милиони евра. Николовски да каже зошто државата платила 1,3 милиони евра поскапа сума за житото во стоковите резерви? Кој се ќарил од набавката на жито и колкав процент? ЈО и ДКСК да отворат постапки и сериозно да го истражат случајот.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
