ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од избори бидејќи се плаши да се соочи со граѓаните
Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога. ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. Неуставното носење на законот за јазици додатно ја парализира државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари.
-Договорот со Грција за промена на името е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија. Оваа неспособна Влада мора да си замине. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, заслужуваат просперитетна иднина и висок стандард. На црнилата мора да им се стави крај. Затоа Зоран Заев мора да собере храбост и да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање