Македонија
12. November 2019 - 11:38

ВМРО-ДПМНЕ: За три години власта не стори ништо за подобрување на здравствениот систем

СДСМ и Заев продолжуваат да ги манипулираат граѓаните.

Ветуваа 100.000 денари за здравствени работници, поминаа три години се уште нема ништо од ветеното.

За три години мандат Зоран Заев и Венко Филипче ништо не сторија за подобрување на здравствениот систем.

Засметувањето на дежурства и други ставки на име плата, како истата би изгледала поголема е манипулација и поигрување со лекарите, нивниот труд и мака.

Власта ги изигра и административните работници во здравството, останаа извисени.

На 12-ти април граѓаните ќе ги казнат Зоран Заев и Филипче за урнисување на здравствениот систем. На 12 април следува обнова на Република Македонија.