Македонија
21. September 2020 - 13:38

ВМРО-ДПМНЕ воздржани за измените на законите за образованието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на која се расправа за измените на законите од образованието кои се однесуваат на одржување на настава во услови на пандемија се изјасни дека ќе биде воздржана.

Измените во собраниската процедура влегоа во собраниска постапка, а со нив се предвидува владата со подзаконски акт да одлучува за почетокот и крајот на учебната година и условите за организирнање на онлајн настава или настава со физичко присуство за време на здравствената криза поврзана со Ковид-19. 

Опозициската партија смета дека ваквите измени не се доволни и нема да ги решат пороблемите во образованието поради корона вирусот. Оттаму и понатаму бараат како и на комисиската расправа компјутерите за социјално загрозените семејства за он лајн настава да ги обезбедува државата, а подзаконскиот акт на владата да се носи по предлог на министерот или бирото за образование.

Пратеничкaта Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека 6 месеци министерството не направило подготовки за он лајн настава што ќе и обезбеди квалитетно знаење на учениците.

 

Катерина Нешкова