ВМРО-ДПМНЕ: Војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи
Доцнат платите во МВР и армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо.
Хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери.
Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи.
Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец.
Власта троши на се, само за граѓаните не.
Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род.
Во Македонија владее хаос и незадоволство.
Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте.
Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово