ВМРО-ДПМНЕ: Во Струмица граѓаните плаќаат 100% поскап гас, заради неспособноста на заевизмот
Владата на Заев потроши 5 години, а не мрдна со прст за гасификација на државата. Напротив ветуваше дека ќе ја гасифицира државата по примерот во Струмица. Епа тој пример сега е показател за лош модел. Струмичани сега плаќаат речиси 100% поскап гас, затоа што Заев и екипата околу него беа зафатени со криминали корупција и избори, наместо да обезбедат поевтин гас , како што тоа го направија останатите држави во Европа.
И во време на енергетска криза, но и надвор од неа, Македонија поради заевизмот плаќа најскап гас. Додека сите влади водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, Заев го водеше пиунот Ковачевски за рака низ партија.
Додека државите се подготвуваа за ценовниот удар, Битиќи и Бектеши уверуваа дека нема да има позначајно поскапување и удар по џебот на граѓаните.
Сега граѓаните во Струмица кои ќе плаќаат скоро двојно поскап гас,на свој грб ја чувствуваат неспособноста, неодговорноста и криминогеноста на заевизмот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота