Македонија
17. July 2019 - 9:33

ВМРО-ДПМНЕ: Во државава владее рекетарска, корумпирана и криминална влада

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада.

Со СДСМ и Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва.

Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува во јавноста и само поради тоа се амнестираат од одговорност?

Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева?

Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци од позиција на специјален јавен обвинител?

Зоран Заев знаеше за ова криминално дејание од страна на Јанева и само поради тоа жестоко се спротивставуваше за нејзиното разрешување.

Јавното обвинителство мора да направи детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец е чин на замолкнување на вистината и барање на одговорност на вистинскиот виновен во оваа рекетарска приказна.

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.

Овој скандал не може да помине така. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој кој што се огрешил пред законот мора да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ