Македонија
17. May 2017 - 16:11

ВМРО-ДПМНЕ: Вложените напори за заштита на државните и национални интереси вродија со плод

Потпишувањето на гаранциите за унитарноста на државата е резултат на политичките напроти на ВМРО ДПМНЕ и секојдневните речиси тримесечни протести на граѓаните, оцени денеска ВМРО ДПМНЕ, посочувајќи дека од денеска СДСМ и Заев ја имаат целосната одговорност.

ВМРО ДПМНЕ најавува дека од позиција на опозиција внимателно ќе ја следи работата на Заев, особено во делот на дадените гаранции, бидејќи не му веруваат на лидерот на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ оценува дека најдобар начин за целосен излез од политичката криза се нови парламентарни избори.