Македонија
19. January 2020 - 14:05

ВМРО-ДПМНЕ: Властите молчат за скандалозното решение за советник во Бирото за јавна безбедност

Криминалци сакаат да бидат советувани од криминалци за поефикасно да можат да го заобиколуваат законот.

Само вака може да се толкува одлуката лице осомничено за тежок криминал да биде именувано за советник на Директорот на полицијата.

Во која било европска земја  ваквиот кадар кој ја посрамотил униформата и застанал на страна на криминалот, би бил отстранет од службата и би им се придружил зад решетки на неговите пријатели од подземјето. Само во Македонија каде Заев и Спасовски ги наметнаа своите извртени вредности, полициски службеник откриен дека се занимава со криминал, добива унапредување.

СДСМ, Оливер Спасовски и Славјанка Петровска молчат за скандалозното решение за советник во Бирото за јавна безбедност.

За нив очигледно е нормално човек кој што е обвинет дека шверцал мигранти да биде советник на директорот на БЈБ. Тоа само покажува каква е кадровската политика на СДСМ.

Да потсетиме Љупчо Трајковски поранешен началник на штипската полиција беше фатен во криумчарење на мигранти и наместо да биде казнет сега е унапреден на позиција во БЈБ како советник.

Веќе не е ни чудо зошто цвета криминалот во Македонија, кога човек кој што е осомничен за криминал е главен советник на директорот за БЈБ.

Заев, СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ