ВМРО-ДПМНЕ: Власта во овие четири години не задолжувала 1,7 милион евра дневно
Долгот во време на власт на Заев за 4 години е зголемен за 2,4 милијарди евра. Ова значи дека дневно под власт на Заев Mакедонија се задолжувала за 1,7 милиони евра. Заев ги задолжува граѓаните за неверојатни 1,7 милиони евра дневно.
Ако се земе предвид дека досега долгот достигна историски највисоки 7,2 милијарди евра, а прогнозите се дека тој ќе порасне до 8,5 милијарди евра во 2022 година, тогаш тоа значи дека само за година дена од сега власта планира да го искачи долгот за над една милијарда евра.
Ова покажува дека економијата во Македонија е во катастрофална состојба, ништо не функционира, нема странски инвестиции, туку социјалниот мир се купува скапо со нови задолжувања.
Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години во кои народот се осиромашува, а власта се богати и краде. Да го спречиме осиромашувањето на народот и Македонија, оваа власт на Заев мора да биде поразена. Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и уништување на македонската економија.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората