Македонија
25. November 2017 - 12:17

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ветуваше живот, а граѓаните добија криминал

Секоја вечер инциденти, а секој поминат викенд по некој ранет или убиен.
 
СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства. Се надминува и периодот на матната и криминална транзиција во деведесеттите, а Скопје личи на дивиот запад. Криминалците остануваат неказнети и заштитени.
 
Вчера се случија нови престрелки и нови ранети и убиени и тоа во населено место среде градот Скопје. На ова му претходеше брутално убиство на младиот Мартин Јанушев чиј вистински убиец уште со сигурност не е утврден, а истрагата се води заштитнички спрема одредени кругови затоа што познато е дека се вмешани луѓе од власта.
 
Криминалот, насилствата и убиствата се шират како канцер во државата, бидејќи остануваат неказнети, а дел од полицијата на Спасовски е заштитник на сето ова. Тоа се шири по принципот на затруено дрво, бидејќи тие што со криминал доаѓаат на власт со криминал и владеат. СДС во својот план за живот ветуваа безбедни граѓани и професионална полиција добивме насилства, убиства, небезбедни градови и граѓани. Власта покажува неспособност во секое поле.