Македонија
5. September 2020 - 9:16

ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши милиони, а 40 илјади нови невработени немаат ни за леб

Додека народот нема за леб во услови на корона криза, Радмила Шекеринска набавува колачи и вафли за 3,5 милиони денари. Оваа неспособна и мафијашка влада на Заев продолжува расипнички да ги троши парите. Затоа во Македонија 40 илјади луѓе останаа без работа, а истовремено Владата, преку министерството за одбрана, објавува оглас на 28.08.2020 за индустриски кекси, колачи и разни вафли во висина од 3,5 милиони денари.

Без срам мафијашката влас на Заев го осиромашува народот за сметка на својот луксуз и лично богатење. Ја поскапеа струјата за 7,5%, воведоа второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар, трошат рекорден буџет кој се собира од народот и ја задолжија државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци, а стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа.

Економијата дури се гуши во неликвидност, приливот на даноци бележи двоцифрен пад, а мафијашката власт на Заев троши 3,5 милиони на вафли, 8,1 милион евра на возила, финансиска помош, грантови и субвенции на фирмите на владините функционери и десетици други скандалозни.

Народот и стопанството со Заев само тонат, а власта се богати. Мандатот го дава народот, но мандатот народот и го зема. Заев доби мандат да ги решава, а не да ги создава проблемите. Оваа власт е изворот проблемот, а не решението и затоа ќе одговара.