Македонија
13. January 2021 - 19:23

ВМРО-ДПМНЕ: Власта со специјалци тепа луѓе на карневал, кои го исмеваат лошото владеење

Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ.

Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим.

Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица.

Тоа што не успеале разни поробувачи, во окупации и во комунизмот му успеа на Зоран Заев, да го прекине канревалот со ќотек и апсења.

Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци.

За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира.

Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За се следува казна.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ