ВМРО-ДПМНЕ: Власта се правда дека бара авиопревозници, единствено ги избрка постојните
До кога владата на СДСМ ќе смислува изговори?
За овие 14-тина месеци наместо долго ветуваните мерки и реформи граѓаните добиваат бледи прес конференции преку кои ги сокриваат своите лаги.
Сугарески е смешен со изјавата дека се залага за фер транспарентно избирање на авио превозник.
Власта денес се правда дека бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации но единствено ги избрка постојните.
Неспособноста и хаосот во Владата на СДСМ се повеќе наликува на еден трагикомичен филм.
Со вакви чекори Сугарески и СДСМ Република Македонија не оди во ЕУ и НАТО, туку уназадува повеќе од 20 години наназад.
Додека СДСМ декларативно се залага за ЕУ во реалноста прават се за да не влеземе.
Ликовите како Сугарески, Заев треба што поскоро да си поднесат оставка, да се запре со штетата која и ја нанесоа на државата и граѓаните, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Коалицијата Вреди го потсетува Османи на случајот „Пациент“
-
Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка
-
Зеленски бара помош од запад по рускиот напад врз Чернигов
-
Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
-
Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал
-
Тешко повреден 53-годишен пешак на патот Кичево-Охрид
-
ССМ: Во наредните денови ќе го радикализираме протестот
-
До вторник облачно со повремен дожд, а на планините снег