ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака седница за пописот, а не сака за одговорноста на Филипче и Заев за 14 загинати во Тетово
Власта сака да одржи седница за продолжување на пописот, а бега од седница за одговорноста на Филипче за 14 загинати во Тетово.
Како тоа СДСМ и ДУИ можат да поддржат седница за се, само не за усвојување на оставките на Филипче и Хасани?
14 луѓе ги загубија своите животи. 14 семејства се завија во црно, и по неколку недели се уште не се знае ниту кој е причинител за несреќата, а ниту пак има одговорност, дури ниту политичка.
Истрагата е заглавена, а главните виновници се во власта кои не сакаат да излезе вистината. Се уште нема одговор за тоа како се запали болницата во која загинаа 14 лица. Зошто болница немала ПП заштита? Зошто немала доволно персонал, зошто имало пур панели наместо сигурносна изолација. Зошто Филипче наместо безбедност му биле важни провизии.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица