ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за социјално ранливата категорија граѓани
Поминаа две години откако СДСМ и Заев се на власт, а стапката на сиромаштија се зголемува од ден на ден.
Во Република Македонија над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија и не можат да го поминат месецот. Токму овие податоци кажуваат за тоа колку владата на СДСМ се грижи за ранливата категорија на граѓани.
Пратеничката група на СДСМ не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија кои предвидуваа да им се помогне да најзагрозените семејства во Македонија.
Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.
СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.
Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.
Сето ова говори за негрижата на владата за социјално ранливата категорија на граѓани во Република Македонија.
Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават на оваа ранлива категорија на граѓани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација