Македонија
11. November 2019 - 12:04

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не реализира 98 отсто од проектите што ги вети во предизборната програма

Фактот дека СДСМ за три години на власт немаат сработено ништо не може со празни соопштенија да се покрие.

Мандатот на Заев поминува, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани.

Ветувањето на Заев и неговата Влада дека ќе го пренаменат ТЕЦ Неготино и од него ќе направат енергетско земјоделски комбинат, е лага. Тоа не се случи.

Заев вети и изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, но и тоа не се случи.

СДСМ вети примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. И од ова ветување нема ништо за овие три години.

Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но и тоа остана во заборав од СДСМ.

Ветувањата во областа енергетика останаа само на хартија. Наместо инвестиции во енергетика, тие ги користеа за полнење на нивни џебови.

Крајот се ближи на СДСМ и Заев. Не може да се спасат со празни и лажни соопштенија. Казната ќе ја добијат на 12-ти април.