ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо стратегија за економски излез од кризата, нуди ситен поткуп на граѓани
Мафијашката власт на Заев нема ниту план, ниту стратегија да се справува со економските последици од економската криза. Тоа што економијата падна за 12,7% за само три месеци, тоа што над 40 илјади лица останаа без работа, тоа што власта создаде една милијарда нов долг, не е доволно да се откажат од своите политики купи ден, помини.
Веќе три месеци поминаа од изборите, а тендерашката власт се уште нема понудено четврти пакет мерки за стопанството. Очигледно се подготвуваат со нови популистички исплати со цел да купат социјален мир уште еден месец, додека економијата се дави во проблеми.
Дека освен голиот поткуп нема суштинска поддршка за фирмите говори тоа што според податоците изнесени во јавноста владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега се расфрла со најава за четврти сет на антикризни мерки.
Очигледно е дека криминалот и корупцијата на власта ги изеде парите, а економијата и граѓаните ги остави да тонат во сиромаштија.
Со оваа мафија на власт нема економски напредок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација