ВМРО-ДПМНЕ: Владините реклами на Си-Ен-Ен и ББЦ донесоа голем бенефит за државата
ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на одлуката за прекинување на владините реклами на Си-Ен-Ен и ББЦ наведува дека Владата предводена од СДСМ со тоа покажала дека не е реформска, туку антиреформска и оти единствените проекти на Владата биле укинувањата, блокирањата и најавите за уривање.
Според ВМРО-ДПМНЕ, емитувањето на Владини реклами на еминентните светски телевизии ЦНН и ББЦ, донеле голем бенефит за државата.
- Владиното рекламирање во овие реномирани медиумски куќи позитивно ја презентираше Република Македонија и ги запозна мегународните инвеститори со бизнис можностите кои ги нуди Република Македонија. Владиното рекламирање во овие еминетни медиуми го зголеми и бројот на странски туристи во Република Македонија, па така од некогашните 442.845 ноќевања во 2006 година, во 2015 бројката на странски туристи кои оствариле ноќевање во Републука Македонија изнесува 1.036.383.
Емитувањето на Владините реклами и промоцијата на Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, одеше под уставното име на државата промовирајќи ги највисоките национални интереси. Со укинувањето на рекламите, како што се наведува, СДС го тргнува и промовирањето на името Македонија од светските медиуми во позитивен контекст.
- Наместо антиреформи граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари, граѓаните ги чекаат и новите 500 километри автопат кои СДС им ги вети, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација