Македонија
5. August 2017 - 10:37

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да се справи со пожарите

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека не може да се справи со пожарите.

- Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари. Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а Владата на Заев ги игнорира и со прст не мрднува. Поради неажурноста и ненавремена интервенција пожарите прераснаа во вистинска опасност за жителите на Поречието. Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат волку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаат совест да помогнат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што стои во соопштението, поради неодговорноста и неспособноста СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност на локалните избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.