ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ќе достигне историско ниво на задолжување на државата
Нејасно е зошто има пари за зголемени патни трошоци за пратениците, а нема пари за капитални инвестиции. Зошто се зголемуваат непродуктивните трошоци, а државата ќе се задолжи близу една милијарда евра.
Владата на СДС за шест месеци ја задолжи државата за неверојатни 611 милиони евра. Поради недомаќинското работење на оваа неграѓанска и неспособна влада сумата со која што ќе ја задолжат државата ќе се искачи за над 1.465.000.000 евра.
Владата на СДС и Заев ќе достигне историско ниво на задолжување на граѓаните и државата. Со овој расипнички однос СДС ја третира државната каса како буре без дно.
СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега енормно се задолжува.
Граѓаните не се должни да ја трпат оваа несособност на СДС, Заев и Тевдовски и со право се прашуваат за што СДС планира да го зголеми долгот, а притоа крати 24 милиони евра за субвенции за земјоделците. Но, единствена работа на оваа расипничка влада на Заев е трошење пари на луксузирање и непродуктивни работи. Така што во делот на непродуктивни доходи има покачување на патни трошоци за 5,2 милиони евра.
Лускузирањето и комотниот живот на Заев и неговите партиски луѓе не смее да биде на трошок на граѓаните.
СДС, Зоран Заев и Драган Тевдовски ја киднапираа државата. Нивната алчност и расипништво нема крај.
За сите финансиски злоупотреби и злодела со неоснованото задолжување од страна на СДС, Заев и Тевдовски ќе има одговорност. СДС, Заев и Тевдовски ќе мораат да одговораат за ова историско задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол