ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја турка државата во долгови
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата на СДСМ секој ден ги задолжува граѓаните со нови 1,7 милиони евра, а неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии Драган Тевдовски, како што соопштува, е дополнителна опасност за државата.
- Антиреформската влада на СДС ја турка државата во долгови. За неполни два месеци долгот достигна 70 милиони евра. Згора на се, со предложениот ребаланс „домаќинската влада“ предвидува задолжување за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното. Министерот за финансии, пак, во рекордно време успеа да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Тевдовски и премиерот Зоран Заев, сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од една милијарда евра, на прес-конференција нафрлија долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. - Скандалот да биде уште поголем, во оваа манипулација искористија и обврски кои се уште не се доспеани за наплата, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Време е, додава партијата во соопштението, Владата на СДСМ сериозно да си ја сфати работата и да почне да работи на исполнување на дадените ветувања: минималната плата 16.000 денари, просечна 30.000 денари и 100.000 денари плата за докторите.
- Граѓаните сакаат да имаат увид каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толку огромни суми. Тие не се должни да ги плаќаат со свои пари луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка