ВМРО-ДПМНЕ: Владата лаже дека во стопанството завршиле 850 милиони евра поддршка, реалната сума е три пати помала
Власта манипулира со помошта која ја исплаќаше преку таканаречените антикризни мерки кон граѓаните и стопанството, не 850, туку само 350 милиони евра завршија кај граѓаните и стопанството.
Индикатор за недоволната помош се и 60.000 луѓе останати без работа, и 6.200 затворени фирми.
Со СДСМ над половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден.
Заев ја задолжува државата, а народот живее во сиромаштија не а никаков развој.
СДСМ постојано го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека ја презадолжува државата а притоа долгот беше околу 45 % од БДП. Денес долгот е 62,5 %. Од 2006 до 2016 зголемувањето на јавниот долг е за 2,9 милијарди, но во исто време додадената вредност било 4,2 милијарди раст на БДП. Во време на владеење на СДСМ имаме зголемување на долгот за 2,5 милијарди, а растот на БДП од 1,8 милијарди односно имаме минус.
СДСМ рапидно се задолжува и ја доведува под знак прашалник и ликвидноста на државата, тоа е базична неспособност и раскалашеност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација